Mohammad Fahim Abed
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
КАБУЛ (АА) - Во верижниот судир кој се случи во покраината Газни во Авганистан загинаа 52, а беа повредени 73 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на сообраќај во покраината Газни, Мухамедулах Ахмеди, во својата изјава за АА соопшти дека како резултат на судирот на два автобуса со цистерна со нафта кој се случи во населеното место Мукур во Газни загинале 52, а повредени се 73 други.
Објаснувајќи дека двата автобуса при судрот со цистерната со нафта се запалиле, Ахмеди додава дека некои од повредените се во тешка состојба.