Hüseyin Erdoğan
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
АНКАРА (АА) - Иранската нафтена компанија ОИЕЦ (OIEC) потпиша Меморандум за разбирање со рускиот Гаспром Нефт за развој на нафтени полиња во Иран, соопшти иранската компанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот вклучува взаемен интерес на двете компании во комбинирање на силите во прелиминарната оценка и испитувањето на геолошкиот потенцијал на иранските нафтени полиња.
Документот беше потпишан од страна на извршниот директор на компанијата, Бехзад Мохамади, и првиот заменик-извршен директор на Гаспром Нефт, Вадим Јаковлев, се вели во соопштението.
„Двете страни се согласија да одржат заеднички консултации со Националната иранска нафтена компанија (NIOC) за проценката, истражувањето и развојот на средствата понудени на инвеститорите, како и да се разгледаат дополнителните можности за соработка во Иран”, се вели во соопштението.