Göksel Yıldırım
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Индексот на економска доверба во јули, споредено со претходниот месец, зголемен е за 4,5 единици и изнесува 103,4, јавува Anadolu Agency (AA).
Институтот за статистика на Турција (TÜİK) го објави индексот на економска доверба за месец јули.
Според тоа, индексот на економска доверба во јули, споредено со јуни, забележува раст од 4,5 единици и изнесува 103,4. Растот на индексот на економска доверба се заснова на растот на индексот на доверба во секторот трговија на мало, секторот услуги и потрошувачкиот сектор.
Индексот на доверба во секторот трговија на мало во јули се искачи на 107,3 единици, во секторот услуги на 103,7 и индексот на доверба во секторот потрошувачи има вредност од 71,3 единици. Индексот на економска доверба во реалниот сектор е намален и изнесува 107,7, додека во секторот градежништво тој е намален на вредност 85,5.