Büşra Nur Çakmak
27 Октомври 2026•Ажурирано: 27 Октомври 2026
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев утре ќе престојува во официјална посета на Турција, соопшти денес турскиот директор за комуникации Бурханетин Дуран, јавува Анадолу.
Посетата се реализира на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„За време на средбите во рамките на посетата ќе бидат разгледани сите аспекти на соработката меѓу Турција и Казахстан, а ќе се разговара и за чекорите за натамошно унапредување на билатералните односи“, истакна Дуран во соопштението објавено на турската платформа за социјални медиуми НСосијал.
„На агендата се и разговори за актуелните регионални и глобални прашања“, додаде тој.