Ekipa
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ФРАНКФУРТ (АА) - Германскиот произведувач на луксузни автомобили „BMW AG“ соопшти дека нето-профитот во вториот квартал од оваа година се зголеми за 14 отсто, и дека новата верзија на моделот седан од серијата 5 влијаела на зголемување на продажбата, јавува Anadolu Agency (AA).
Добивката се зголеми на 2,21 милијарди евра за периодот од април до јуни оваа година во споредба со 1,95 милијарда минатата година.
Харалд Кругер, извршниот директор на „BMW“ (БМВ), денес изјави дека одличната заработувачка ѝ овозможува на компанијата зголемување на вложувањата во развојот на автономни и автомобили на батерии.
„Големи се промените пред светот на мобилноста и поради тоа од витално значење е нашата компанија да биде во врвна состојба за да се справи со овој предизвик“, порача Кругер.
Електричните автомобили и понатаму покриваат мал дел од пазарот, но произведувачите тврдат дка ќе стануваат сѐ позначајни бидејќи дометот на батериите се зголемува. БМВ продаде 42.600 електрични возила во вториот квартал, што претставува пораст за дури 80 отсто.