Bahattin Gönültaş
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
БЕРЛИН (АА) - Двата најголеми производители на луксузни возила, „Daimler“ и „BMW“, донесоа одлука да работат заедно во насока на развивање технологии за беспилотни автомобили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во заедничкото соопштение на германските автомобилски производители „Daimler“ и „BMW“, се наведува дека двете компании потпишале долгорочен договор за соработка за развој на технологии од новата генерација за карактеристики како системи за поддршка на возачот, автоматско управување на автопати и карактеристики за паркирање на возилото.
Според ова соопштение, двете компании ќе работат заедно во насока на развивање технологии кои ќе играат клучна улога во мобилноста во иднина, а во период од 5 години ќе имаат за цел да произведуваат технологии од напредно ниво на автомобили.
Се вели дека овие две компании ќе ги споделат и трошоците за развојот на овие технологии, и дека побрзо ќе дејствуваат против нивните конкуренти како „Google“.
Во соопштението се истакнува дека оваа соработка е отворена и за други учесници кои дејствуваат во областа на беспилотните автомобили.