Ekipa
28 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ДЕТРОИТ (АА) - „Hyundai“ и „Kia“ повлекуваат над 500.000 возила во САД поради проблемите кои можат да предизвикаат пожар во моторот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Документите кои денес ги објави Владата на САД покажуваат дека корејските произведувачи објавиле нови три повлекувања по извештајот за пожарите низ земјата.
Најголемото повлекување покрива речиси 379.000 SUV возила на „Kia Soul“ од 2012 до 2016 година, со 1,6 литарски мотори.
Документите покажуваат дека високите температури на издувни гасови можат да ги оштетат катализаторите. Тоа може да предизвика ненормално согорување и да ги оштети клиповите и подвижната клипна шипка. Неисправа клипна шипка може да го пробие блокот на моторот и да доведе до истекување на масло, што може да предизвика пожар.
„Hyundai“ и „Kia“ повлекуваат и 152.000 SUV возила „тuscon“ од 2011 до 2013 година и „sportage“ 2011 и 2012 за да го поправат истекувањето од садот за моторно масло, што исто така може да предизвика пожар.
Регулаторите за безбедност во САД ги истражуваат дефектите на моторот на возилата од „Hyundai“ и „Kia“ од мај 2016 година, како и пожарите на моторите. Корејските произведувачи на автомобили започнаа да повлекуваат возила уште од 2015 година.