Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
ТОКИО (AA) – Судот во Токио го прифати барањето за пуштање од притвор со плаќање кауција на поранешниот челник на компанијата „Нисан“, Карлос Госн, јавува Anadolu agency (AA).
Регионалниот суд во Токио, по две неприфатени барања го прифати барањето на адвокатите на Госн и го одобри неговото пуштање на слобода со плаќање кауција во износ од 9 милиони долари.
Јапонската полиција на 19 ноември минатата година го уапси 64-годишниот Госн. Се обвинува за проневера и повеќегодишно фалсификување на финансиски извештаи, со цел избегнување данок.
Госн минатите две децении беше прв човек на „Нисан“, а на судот се изјасни дека е невин.
Француската Влада претходно побара од „Нисан“ („Nissan“), партнерот на „Рено“ („Renault“), да именува наследник на уапсениот Госн. Управата на „Нисан“ го разреши од должност Госн и именуваше за вршител на должност нов директор.
Јапонското Обвинителство има стапка од 99 отсто кривични случаи кои се завршуваат со осудувачки пресуди. Во Јапонија ретко се почитува презумцијата на невиност.