Safiye Karabacak
24 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
КАИРО (АА) - Соборениот египетски претседател Хосни Мубарак е ослободен по шест години затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Мубарак денес беше пуштен на слобода и излезе од воената болница во Каиро, каде што престојуваше во изминатиот период.
Ферид ед-Диб, адвокат на Мубарак, за АА рече дека е спроведена одлуката за ослободување на поранешниот египетски претседател и дека Мубарак заминал во својот дом во регионот на Ал Гeдида.
На 14 март, египетскиот суд донесе одлука за ослободување на Мубарак, кој беше осуден за учество во убиството на демонстрантите во 2011 година.
Мубарак престојуваше во воена болница откако неговото здравје беше влошено, а од функцијата претседател си замина на 25 јануари 2011 година, на што претходеа масовни демонстрации на улиците на египетските градови.
Откако беше соборен од функцијата претседател, Хосни Мубарак и повеќе високи функционери беа обвинети за вмешаност во убиството на демонстрантите во 2011 година.