Barış Kılıç
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Советник на Владата на Република Турција и поранешниот советник во Министерството за правда на оваа земја, Бирол Ердем, кој беше уапсен на 3-ти јуни, како дел од истрагата против терористичката организација ФЕТО, беше ослободен со мерка за судски надзор, јавува Anadolu Agency (AA)
Откако беше испрашан во Јавното обвинителство во Анкара, Ердем вчера беше проследен до судот.
Обвинителството побара да му се одреди притвор за кривичните дела обид за рушење на уставниот поредок и водење на терористичка организација. По сослушувањето во судот, Ердем е пуштен на слобода со мерка за судски надзор.
Како дел од истрагата, во Анкара заедно со Ердем беше уапсена и неговата сопруга Ѓулумсер Ердем, која е задржана во притвор.
Ердем 25 октомври 2010 година стана член на турскиот Висок совет на судии и јавни обвинители, а во периодот меѓу 2011 и 2014 година работел како советник во Министерството за правда.