економија

Меѓународен економски и бизнис-конгрес во Бурса, учесници од Северна Македонија

На Конгресот, кој се одржува во координација со Универзитетот „Улудаг“ во Бурса, ќе се разговара за општиот поглед кон светската економија и предлозите за решение

Cem Şan  | 11.04.2019 - Обновена : 12.04.2019
Меѓународен економски и бизнис-конгрес во Бурса, учесници од Северна Македонија

БУРСА (АА) – Во координација со Универзитетот „Улудаг“ во Бурса, а во организација на универзитетите „Џелал Бајар“ од Маниса, Сакарја, Баликесир и Меѓународен Универзитет „Визион“ од Северна Македонија, започна 5. Меѓународен економски и бизнис-конгрес (ICEF 19).

Конгресот се одржува во Културниот центар „Проф. д-р Мете Џенгиз“, на Универзитетот „Улудаг“ во Бурса. 

Проф. д-р. Јусуф Улџај, ректорот на Универзитетот „Улудаг“ во својот говор на Конгресот, на кој ќе се разговара за општиот поглед кон светската економија и предлозите за решение, истакна дека Бурса е еден од градовите што обезбедува најголема додадена вредност за економијата од аспект на извозот. 

„Универзитетот „Улудаг“ направи значајни реформи од аспект на генерирање идеи и производство на технологија“, рече Улџај, и додаде: „Покрај тоа што спроведуваме реформи за подобрување на квалитетот на образованието, правиме чекори за оптимален број студенти и зголемување на академскиот квалитет на многу повисоко ниво. Ги подобривме условите за работа кај стручните училишта за кои сметаме дека се од голема важност за нашата земја.“ 

Улџај, исто така, рече дека средствата за научните проекти, освен од сопствените извори, ги обезбедуваат и од фондовите. Во последните четири години обезбедени се 70 милиони лири за научните проекти. 

- Северна Македонија повика на научна соработка 

Ректорот на Меѓународен Универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, истакнувајќи соработуваат со голем број универзитети од Турција, рече дека се подготвени да учествуваат на сите заеднички научни и академски проекти. 

На Конгресот, кој ќе трае до 13 април, учесниците од Турција, Северна Македонија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина, Авганистан, Русија, Киргистан, САД, Азербејџан, Иран и Казахстан, во 25 сесии ќе изведат 114 презентации. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.