Lejla Bıogradlıja
16 Април 2019•Ажурирај: 17 Април 2019
САРАЕВО (АА) – 10. Сараевски бизнис-форум (SBF), кој ќе се одржи во Босна и Херцеговина, започнува в среда, на 17 април, јавува Anadolu Agency (AA).
Форумот е во организација на Меѓународната босанска банка (BBI) и Исламската банка за развој (IDB). Anadolu Agency (АА) ќе биде Глобален комуникациски партнер на форумот. Форумот, кој ќе биде домаќин на голем број значајни политичари и инвеститори од различни земји, ќе трае до 19 април.
На Форумот кој се нарекува „Балкански Давос“, оваа година се очекува рекордно присуство, а целта е да се привлечат инвеститорите во Босна и Херцеговина и Западен Балкан.
На официјалната церемонија на отворањето на Форумот што ќе се одржи утре, свое обраќање, покрај генералниот директор на Меѓународната босанска банка, Амер Буквиќ и претседателот на Претседателството на советот на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ќе имаат и претседателот на Словенија, Борут Пахор и премиерот на Малезија, Махатхир Мухамед.
На првиот ден на Форумот кој се одржува под слоганот „Една област, една економија“ ќе се одржат панел-дискусии на тема „Лидерство“, „Предизвиците на Југоисточна Европа“ и „Одржлив развој“.
На вториот ден на учесниците ќе им бидат презентирани теми за инвестиции, климатски промени, капитална соработка, технологија и нови производи.
Форумот ќе заврши на 19 април со церемонија на затворање.