Ayhan Şimşek
06 Септември 2018•Ажурирај: 07 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денес изјави дека Германија има стратешки интерес во стабилниот економски развој на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во интервју за германската телевизија RTL, Меркел изјави дека Германија и Турција треба да го подобрат дијалогот и соработката, и покрај нивните разлики во одонс на голем број политички теми.
„Германија има стратешки интерес во стабилниот економски развој на Турција. Доколку се однесуваме на начин кој ќе ја ослаби Турција, тогаш тоа не би било во наш интерес“, изјави таа.
Таа ги даде овие изјави поради медиумските извештаи дека Берлин бара начини да ѝ помогне на Турција да ги надмине моменталните економски потешкотии.
- Посетата на Ердоган на Германија -
Германската канцеларка, исто така, ги отфрли критиките од страна на германските опозициски партии за планираната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Берлин, во периодот 28 - 29 септември.
„Не можеме да размислуваме на светот црно-бело. Тоа не е реалноста“, изјави Меркел.
„Интензивираните разговори меѓу Берлин и Анкара се важни за да се надминат моменталните проблеми“, додаде таа.
Меркел нагласи дека односите на Германија и Турција се посебни, благодарение на над 3 милиони луѓе кои се со потекло од Турција, а живеат во Германија.