Övünç Kutlu
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Министерот за нафта на Ирак, Абел Абдел Махди, вчера рече дека сметањето на Турција за непријател, поради нејзиното воено присуство во северен Ирак, нема да користи на неговата земја, јавува Anadolu Agency (АА).
На 4-ти декември околу 150 турски војници и 20-тина тенкови беа испратени во кампот во близина на градот Башира, североисточно од Мосул, поради обука на ирачките волонтери како дел од борбата против терористичката група ДАЕШ.
Распоредувањето предизвика тензии помеѓу Анкара и Багдад, кој подоцна тврдеше дека Турција го нарушила ирачкиот суверенитет. Минатата недела, Багдад побара Анкара да ги повлече од скоро распределените трупи.
„Како резултат на присуството во Мосул, третирањето на Турција како непријателска држава, суспендирањето на политичките и трговски односи, тоа не е правилно. Ова нема да му помогне на Ирак да го одбрани својот суверенитет“, рече Махди.
Турција од месец март раководи со тренинг програма во кампот. Турските трупи распоредени во кампот немаат борбени задолженија.
„Мора да се справиме со ситуацијата со големo внимаnie, и да го разрешиме проблемот без негово продлабочување. Не смееме да ja промениме насоката на Ирак од борбата против ДАЕШ“, додаде Махди.
Турски официјални извори соопштија денес дека дел од турските трупи кои беа во кампот Башика се повлечени и распоредени на друго место во северниот дел на Ирак.