Ekip
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Сораја Сајен де Сантамарија, вицепремиерка на Шпанија, изјави дека Каталонија се соочува со ризик од економска рецесија, доколку продолжи неизвесноста во врска со независноста на североисточниот дел на шпанскиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Сантамарија вели дека ако наскоро не биде решена ситуацијата, Владата ќе размисли за намалување на прогнозите за раст на вкупната шпанската економија за 2018 година.
Четириесет каталонски банки, мултинационални компании и средни претпријатија ги преместија своите регистарски адреси од проблематичниот регион.
Овие потези засега се претежно симболични и имаат ограничен економски ефект, бидејќи не го вклучуваат преселувањето на канцелариите, вработените или на имотот.
Сепак, вицепремиерката на Шпанија соопшти дека инвестициите во Каталонија опаѓаат и дека секторот за туризам во регионот забележал пад во работата од 20 до 30 отсто во текот на минатиот месец.