Oktaj Omeragikj
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, при што се регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период во болнички услови починаа две лица.
Вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 17.200, додека бројката на оздравени пациенти е 14.312.
Досега животот го загубија 712 како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.176.
Во Северна Македонија досега во земјата се направени вкупно 181.034 тестирања на Ковид -19.