Furkan Abdula
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
СКОПЈЕ
Денеска на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, официјално беше отворено 16. издание на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2020“, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во рамки на овој настан беа изложени повеќе видови мед и пчелни производи од пчелари од земјата, а главен организатор е пчеларското здружение „Матица“.
Посетителите кои ќе ги посетат штандовите со мед ќе имаат можност за директни контакти со пчеларите и ќе можат да добијат совети како да се препознае квалитетен мед.
Во рамки на манифестацијата се преземени и мерки против Ковид-19, како носење маски, дезинфекција на рацете и физичко растојание меѓу штандовите.
Манифестацијата која беше отворена денеска, ќе трае до 27 септември, а се организира и со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Општина Центар.