Oktaj Omeragikj
24 Септември 2020•Ажурирај: 25 Септември 2020
СКОПЈЕ
Вчера и официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор е под покровителство на „Халкбанк“ АД Скопје, во состав на активностите од платформата „ХалкЕко“ (HalkEco), чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и подигање на еколошката свест и грижа за околината.
Халк-корнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема, неколку реквизити за деца, соодветна подлога, како и систем за наводнување. Двомесечните подготовки на ова ново урбанизирано катче резултираа со ново место за дружба, наменето за сите возрасти. Со ова дополнително се оплеменува и разубавува градскиот пејзаж на една од најфреквентните локации во скопската Општина Карпош.
По повод отворањето на овој корнер во главниот град, „Халкбанк“ вчера организираше и симболична дружба и пријатна музика.
„Се надеваме дека ова место ќе донесе многу убави моменти, дружби и ќе биде место кое ќе создаде многу спомени. Со желба да направиме и придонесеме повеќе за нашето општество, напорно работиме на збогатување на активностите во состав на „ХалкЕко“-платформата. Освен редовното доделување на наградите од „ХалкЕко“-апликацијата и хронометар-трките кои се одржаа во текот на летото, организиравме пошумување на делови во државата каде што тоа беше најпотребно, ја поставивме првата еко-автобуска постојка и целосно ги реновиравме мостовите во Градскиот парк. Овој корнер е наша нова ХалкЕко гордост“, соопштија од „Халкбанк“.