Балкан

Ограбена филијала на Халкбанк во Скопје

- Претседателот на Извршниот одбор на Халкбанк Скопје, Билал Суџубаши, даде изјава за АА во врска со настанот, информирајќи дека 4 или 5 лица, чиј идентитет не е познат, влегле со калашникови во експозитурата и ги нападнале вработените.

Dzihat Aliju  | 04.02.2019 - Обновена : 05.02.2019
Ограбена филијала на Халкбанк во Скопје ( Dzihat Aliju - АA )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје е ограбена филијала на Халкбанк АД Скопје. Вооружени лица, чиј идентитет не е познат, влегле во филијалата и ја ограбиле, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Извршниот одбор на Халкбанк Скопје, Билал Суџубаши, даде изјава за АА во врска со настанот, информирајќи дека 4 или 5 лица, чиј идентитет не е познат, влегле со калашникови во експозитурата и ги нападнале вработените.

Суџубаши рече дека ограбувачите оштетувајќи ја експозитурата, зеле извесно количество пари и со минибус се оддалечиле од местото на грабежот. „Ја оштетиле експозитурата, во моментов не знаеме колку пари се украдени. Полицијата дојде и започна истрага, спроведувајќи истражувања. Потоа ќе нè информираат. Во моментов нашите вработени се обидуваат да одредат колку пари се однесени“, изјави Суџубаши.

Суџубаши информираше дека со последниот настан, ова е трет грабеж на банката во последните година дена.

Од друга страна, во писменото соопштение што го објави Министерството за внатрешни работи на Македонија, се наведува дека непознати лица извршиле грабеж на една филијала на Халкбанк, и под закана со оружје украле пари од банката.

„Денеска (04.02) околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во банка на улица „Јадранска магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.