живот

Во Анкара се отвора „Вондерленд Евроазија“, најголемиот тематски парк во Европа

Во првата година се очекува паркот „Вондерленд Евроазија“ да го посетат 5 милиони странски и домашни туристи

Aykut Karadağ  | 19.03.2019 - Обновена : 20.03.2019
Во Анкара се отвора „Вондерленд Евроазија“, најголемиот тематски парк во Европа

АНКАРА (АА) – „Вондерленд Евроазија“ („Wonderland Eurasia“), најголемиот тематски парк во Европа, изграден во Анкара, утре ги отвора вратите за посетителите, јавува Anadolu Agency (AA).

Паркот е изграден на површина од 1.300.000 метри квадратни, од страна на Општина Анкара. За да се промовира отворањето на паркот, на плоштадот „15 јули - Национална волја“ до граѓаните беа дистрибуирани стотици фудбалски и кошаркарски топки.

Во првата година се очекува паркот „Вондерленд Евроазија“ да го посетат 5 милиони странски и домашни туристи.

Тематскиот парк е подготвен за да можат да се забавуваат посетителите од сите возрасти и семејства. Меѓу 23 април и 5 мај во паркот ќе се одржуваат и концерти.

Во паркот има повеќе забавни единици, меѓу кои и летечки остров, летечки театар, ветерна коњаница, пештера од мраз. Во тематскиот парк, исто така има повеќе од 2 милиона вида дрва и растенија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.