Esra Kaymak
31 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, по средбата со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Анкара изјави дека за време на разговорите, меѓу другото, станало збор за зајакнувањето на соработката во борбата против ДЕАШ во Сирија и во Ирак, како и за интензивирање на економската и воената соработка меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека САД сакаат да ја зголемат трговската размена со Турција, особено во областа на енергетиката, здравството и технологијата.
„Заедно ќе се соочиме со предизвиците. Администрацијата на Трамп и понатаму ќе ја нагласува посветеноста кон зајакнување на нашето длабоко вкоренето пријателство“, рече Тилерсон.
Тој изрази благодарност кон Турција што им дозволи користење на своите бази на американските трупи со цел да ја водат борбата против ДЕАШ во Сирија и во Ирак.
На крај напомена дека САД ги поддржува успешните антитерористички операции на Турција во регионот.
На прашањето дали САД и понатаму ќе им пружаат поддршка на ЈПГ, огранок на ПКК во Сирија, Тилерсон одговори дека со турските официјални лица разговарал во врска со тоа како да се постигне стабилнот во Сирија и како локалното население да се врати во своите домови.
„Кога станува збор за иднината на Рака, ние сакаме локалните власти да ја преземат контролата над овие градови“, рече Тилерсон.