Hale Türkeş
31 Март 2017•Ажурирај: 31 Март 2017
ЃУМУШАНЕ (АА) - Со завршувањето на воената операција на Турција во северна Сирија, не значи дека и заканите исчезнале, изјави денес министерот за одбрана Фикри Ишик, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер Бинали Јилдирим во средата објави дека официјално е завршена операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна во август минатата година, со цел да се елиминираат терористите на ДЕАШ во Северна Сирија,.
Зборувајќи за новинарите во источната црноморска област Ѓумушане, Ишик истакна: „Кога ќе се зголеми потребата и доколку се појави закана за турската безбедност, Турција нема да се двоуми да спроведе други операции со цел да се елиминира заканата“.
„Сепак, завршувањето на операцијата ‘Штитот на Еуфрат’ не мора да значи дека заканите против Турција целосно исчезнале...“ рече тој.
Операцијата започна кон крајот на август минатата година и беше спроведена со поддршка на борците на Слободната сириска армија, со цел да се подобри безбедноста, како и за поддршка на коалициските сили и елиминирање на заканата долж турската граница.
Ишик изјави дека со операцијата е расчистена од ДЕАШ територија со површина од 2.000 квадратни километри.
Министерот додаде дека Турција ќе продолжи да прави сѐ што е потребно за да обезбеди регионот да остане стабилен и слободен од тероризмот.
„Како што знаете, главната цел на ‘Штитот на Еуфрат’ беше да се обезбеди трајна стабилност во регионот, да се спречат терористичките елементи целосно да не ја преземат власта, и да им се овозможи на локалните жители да се вратат во своите домови и да живеат таму безбедно“.
„Операцијата е завршена, но она што треба да се направи, ќе биде направено“, додаде тој.