Премиерот на Косово се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос
Вршителот на должноста премиер на Косово на средбата изјави дека демократскиот напредок на Косово заслужува да биде вреднуван со статус на земја кандидат
ПРИШТИНА (AA) - Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, се сретна со комесарката на Европската Унија за проширување, Марта Кос, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесува Анадолу.
Како што соопшти Канцеларијата на премиерот на Косово, Курти на средбата со комесарката Кос говорел за економскиот напредок и демократското унапредување на Косово, „кои се клучни на нашиот пат кон Европската Унија“.
„Извештајот за земјата на Европската комисија за 2025 година докажа дека Косово продолжило со напредокот во европската интеграција. Ниту една земја од Западен Балкан не била поподготвена во моментот на добивање на статусот на земја кандидат, затоа и демократскиот напредок на Косово заслужува да биде вреднуван со овој статус“, изјави Курти на средбата.
Исто така беше соопштено дека на средбата се разговарало и за геополитичката состојба, Планот за раст, регионалната соработка и актуелните прашања.
Во однос на регионалната соработка, премиерот Курти нагласи дека Косово игра активна и конструктивна улога и го поддржува поширокото економско интегрирање на регионот врз основа на вредностите и стандардите на Европската Унија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
