живот, Балкан

Почина Ферус Мустафов, „Кралот на ромската музика“

Музичарот Ферус Мустафов, во јавноста познат и како „Кралот на ромската музика“, по кусо боледување почина ноќеска во Скопје на 72-годишна возраст

Admir Fazlagic  | 22.05.2023 - Обновена : 23.05.2023
Почина Ферус Мустафов, „Кралот на ромската музика“ Фото: Фејсбук профил на Ферус Мустафов

СКОПЈЕ (АА) - Музичарот Ферус Мустафов, во јавноста познат и како „Кралот на ромската музика“, по кусо боледување почина ноќеска во Скопје на 72-годишна возраст, пренесува Анадолу.

Информацијата за смртта на познатиот кларинетист и саксофонист ја потврдија од семејството на Мустафов.

Кон крајот на април оваа година, Мустафов имал мозочен удар по што бил хоспитализиран за лекување во болница во Скопје.

Семејството информираше дека Мустафов ќе биде погребан во Штип.

На социјалните мрежи, бројни јавни личности и љубители на неговата музика се простуваат од него.

Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип.

Тој зад себе остави богата музичка кариера, што ја започнал на 17-годишна возраст, додека учел да свири виолина и кларинет.

Има настапувано во голем број земји во светот и има снимено десетина албуми, главно со инструментални композиции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.