Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
Балкан

Белград: Започна наставата во ОУ „Владислав Рибникар“, каде што во масовно пукање беа убиени 10 лица

Во пукањето во училиштето на самото место убиени беа чуварот и осум деца, а едно девојче на 15 мај им подлегна на повредите здобиени во училиштето кога во неа пукал К.К. (13)
Andelija Stojkovic
22 Мај 2023•Ажурирано: 23 Мај 2023
Белград: Започна наставата во ОУ „Владислав Рибникар“, каде што во масовно пукање беа убиени 10 лица

БЕЛГРАД (АА) - Наставата во Основното училиште „Владислав Рибникар“, каде што на 3 мај се случи масовно пукање во кое беа убиени десет лица, започна денеска, јавува Анадолу.

Во пукањето во училиштето на самото место убиени беа чуварот и осум деца, а едно девојче на 15 мај им подлегна на повредите здобиени во училиштето кога во неа пукал К.К. (13).

Наставата за претпладневната смена започна во 8 часот, а за попладневната смена ќе започне во 13 часот.

Претставничката на Министерството за образование на Србија, Снежана Вуковиќ, потврди дека во училиштето ќе дојдат и учениците од седмо одделение, чии соученици беа убиени.

„Денешниот ден ќе се разликува по тоа што учениците од VII-2 ќе дојдат на настава попладне. Тие самите инсистираа во разговорите со колегите терапевти. Ние сме во постојан контакт со нив, на дневно ниво комуницираме, слушаме. Тие инсистираа да започнат со настава по физичко и здравствено воспитување“, изјави Вуковиќ за Радио-телевизија Србија.

Вуковиќ повтори дека доколку родителите забележат дека децата се плашат, детето не мора да доаѓа на училиште, дека е потребно да се има писмена изјава од родителите и да се следи што се случува со детето.

Таа додаде дека во текот на изминатата недела над 750 ученици биле на училиште и дека околу 130 ученици со наставниците биле на активности надвор од училиштето.

Кога станува збор за наставата, таа појасни дека училиштето се состои од две споени згради и дека наставата не се одржува во делот од зградата каде што е извршено убиството.

Во училиштето во двете смени ќе дежураат по шест полицајци.

Училиштето почна со работа на 10 мај, седум дена по масовното убиство, но децата немаа обврска да доаѓаат на училиште.

related_topics:
СрбијаОУ „Владислав Рибникар“масовно пукањедецаБелград
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Почина Ферус Мустафов, „Кралот на ромската музика“

Почина Ферус Мустафов, „Кралот на ромската музика“

Следно

Србија: Со договорот меѓу земјоделците и Владата прекинати блокадите

Србија: Со договорот меѓу земјоделците и Владата прекинати блокадите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американски сенатор: Трамп ја загуби војната со Иран 


Бројот на загинати во поплавите во индиската сојузна држава Асам се зголеми на 100

Дванаесет лица загинаа, осум се водат како исчезнати во поплави и одрони на Филипини

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Давутоглу: Целта на Турција се добрите односи со Србија и стабилноста на БиХ и регионот

Давутоглу: Целта на Турција се добрите односи со Србија и стабилноста на БиХ и регионот

Белград: Одбележан Денот на примирјето во Правата светска војна

Белград: Одбележан Денот на примирјето во Правата светска војна

Уапсени над 79 лица во борбата против корупцијата во Србија

Уапсени над 79 лица во борбата против корупцијата во Србија

Кери во Белград: Наша обрврска е со земјите од Балканот да работиме против насилниот екстремизам

Кери во Белград: Наша обрврска е со земјите од Балканот да работиме против насилниот екстремизам

Гунгориеви имаат 17 деца и 24 внучиња: Дневно купуваме и 50 векни леб

Гунгориеви имаат 17 деца и 24 внучиња: Дневно купуваме и 50 векни леб

Белград: Турскиот премиер Давутоглу разговараше со српскиот претседател Николиќ

Белград: Турскиот премиер Давутоглу разговараше со српскиот претседател Николиќ

Давутоглу: Унапредените односи на Турција и Србија се ’рбет на стабилноста на Балканот

Давутоглу: Унапредените односи на Турција и Србија се ’рбет на стабилноста на Балканот

Во Белград започнува ЕП во ватерполо

Во Белград започнува ЕП во ватерполо

Вучиќ: Србија подготвена за решавање на мигрантската криза со европски препораки

Вучиќ: Србија подготвена за решавање на мигрантската криза со европски препораки

Усогласена стандардизацијата на регистрација на бегалците во балканската рута

Усогласена стандардизацијата на регистрација на бегалците во балканската рута