Балкан

Нормализирана колоната од ТИР-камиони на бугарскo-турската граница

- Колоната што ја создадоа ТИР-камионите на граничните премини „Капикуле“ и „Хамзабејли“ се нормализира откако беа отстранети проблемите предизвикани од промената на системот во Бугарија

Salih Baran  | 27.05.2022 - Обновена : 01.06.2022
Нормализирана колоната од ТИР-камиони на бугарскo-турската граница Фото: Илустрација / АА

ЕДРЕНЕ (АА) - Колоната што ја создадоа ТИР-камионите на граничните премини „Капикуле“ и „Хамзабејли“ се нормализира откако беа отстранети проблемите предизвикани од промената на системот во Бугарија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бугарија донесе одлука лабораториите за анализа на овошјето и зеленчукот со кои работат приватни компании на границата да работат под државна контрола. Во овој контекст, направени се системски промени и ревизии.

Во овој процес, од турска страна беа дозволени да влегуваат во Бугарија ограничен број камиони ладилници. Поради тоа, се зголеми и времето на чекање на камиони ладилници на турска страна.

По завршувањето на системската промена, сообраќајот на камиони на граница се нормализира.

Али Кавак, претседателот на Секторот на асоцијација на извозници на свежо овошје и зеленчук на Турција, за Агенција Анадолија (AA) истакна дека имало колони од камиони поради прекинот предизвикан од ревизијата во лабораторијата за анализи во Бугарија.

Кавак, наведувајќи дека од денеска е нормализиран сообраќајот, рече: „Во моментов нема пречки во извозниот сообраќај на свежо овошје и зеленчук.“

​​​​​​​

- Возачите среќни што проблемот е решен

Возачот Серкан Озчелик, кој превезува домати во Украина, рече дека имало прекин еден ден поради проблемот што го предизвика Бугарија.

Булент Хусеиноглу, кој превезува товар за Романија, рече дека од неговите пријатели дознал дека долго се чекало на границата и дека е задоволен што проблемот е решен.

Митхат Инџир, кој носи лимони, исто така наведе дека сообраќајот со камионите е нормализиран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.