Furkan Abdula
27 Мај 2022•Ажурирај: 01 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа настан под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, по повод Неделата на турската кујна, во чии рамки беа презентирани турски традиционални јадења и слатки, јавува Агенција Анадолија (АА).
На настанот присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, владини претставници, претставници на дипломатскиот кор, истакнати личности од областа на музиката и уметноста, претставници од бизнис-заедницата, како и други поканети гости.
Неделата на турската кујна се организира на иницијатива на Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во тие рамки беа презентирани различни турски традиционални јадења и слатки подготвени од страна на турскиот готвач Азиз Кајабаши.
Турскиот амбасадор Секизќок во своето обраќање пред присутните нагласи дека ценетата ризница на древното турско културно наследство, Турската кујна, денес повторно е повод да бидат заедно Северна Македонија, која ја опиша како срцето на историскиот домаќин на уникатните културни богатства на Балканот.

Секизќок упати благодарност до турскиот готвач Азиз Кајабаши за подготвување на традиционалната турска трпеза.
„Турската кујна ги носи трагите на меѓукултурните интеракции на Анадолија и на поширокиот регион околу Турција. Ние да не останеме само со вкусување на оваа убава трпеза, туку во истовреме до идните генерации да го пренесеме ова богато наследство на човештвото“, рече Секизќок.
„Во Турција и низа земји низ светот се организираат разни настани по повод Неделата на турската кујна. Иницијативата е започната од страна на ценетата сопруга на почитуваниот претседател на Турција, и поддржана од познати готвачи и академици се олицетвори во книгата „Вековните рецепти на турската кујна“. Впрочем, повеќето од вас одблизу ги познавате вкусовите на богатата турска кујна опфатени во споменатата книга. Денес одново ќе ја имаме приликата да вкусиме дел од овие за вас омилени вкусови“, додаде турскиот амбасадор во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок.