Zülfiya Yakup
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
ПРИШТИНА (АА) - Владата на Косово денеска ја усвои и ја достави за усвојување до Парламентот Државната платформа за финализирање на дијалогот меѓу Косово и Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на Косово објави дека Државната платформа за финализирање на дијалогот меѓу Косово и Србија, обезбедува транспарентност и сеопфатност на овој процес и се стреми кон единствена позиција на косовските институции во овој процес.
„Платформата ќе биде проследена на дискусија и усвојување во Собранието на Косово, а во истовреме ќе биде информиран и претседателот на Република Косово“, се вели во соопштението.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека постојниот дијалог со Србија повеќе не дава резултати и дека предложената платформа има за цел завршување на тој дијалог. Тој рече дека за платформата детално е дискутирано со претседателот на Косово, претседателот на Собранието на Косово и со политичкиот спектар.