Zylfije Adem Jakupi
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Претседателот на Косово Хашим Тачи порача дека Косово е подготвено да го продолжи дијалогот со Србија, изразувајќи и благодарност на Владата на Косово што укинувајќи ги реципрочните мерки кон Србија, го укинала секој изговор кој Србија го користеше за избегнување на преговорите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Косово Хашим Тачи за новинарите изјави дека Косово во дијалогот јасно бара меѓусебно признавање и забрзано зачленување во Обединетите нации, а во тој процес е со САД и сите останати сојузници.
„Немаме зошто да се двоумиме, тоа е сигурен пат и ние се надеваме и веруваме дека ќе заврши според волјата на граѓаните. Во тој правец мораме да се движиме што побргу за да станеме членка на НАТО и Европската унија и дел од сите други меѓународни организации, консолидирајќи ја државата и на внатрешен и на надворешен план“, рече Тачи.
Тој порача дека Косово е подготвено и ќе работи на тоа да биде што пообединето, бидејќи само координација гарантира полн успех, а тоа ќе ја олесни и работата на меѓународните партнери.
Одговорајќи на прашањата на новинарите, Тачи рече дека Косово ќе биде обединето наспроти Србија и дека тој лично не се натпреварува за примат кој ќе го води дијалогот.
Тачи истакна дека одлуката на Владата на Косово за укинување на реципрочните мерки кон Србија имала позитивни реакции и кај меѓународните сојузници, нагласувајќи дека САД, како најважен косовски сојузник веднаш ја одблокирала фондот за помош на Косово.
Тачи рече дека Косово ќе работи на применување на договорот постигнат кон почетокот на оваа година со потсретство на американскиот пратеник Ричард Гренел за воспоставување на авионска линија Приштина - Белград, за автопатот кој ќе ги соединува Косво и Србија и за железничкиот сообраќај меѓу Косово и Србија.
Владата на Косово во саботата ги укина реципрочните мерки кон Србија, кои беа воведени од страна на владата на поранешниот премиер Албин Курти по укинувањето на таксите од 100% при увозот на робата од Србија. На предлог на премиерот на Косово Авдулах Хоти, со мнозинство гласови на владиниот кабинет поништени се одлучите на претходната влада за постепеното воведување на реципроцитет кон Србија, наместо таксата од 100%, која беше воведена во декември 2019 година во времето на Владата на Рамуш Харадинај.