Bojana Stojanovic
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија од вирусот Ковид-19 во изминатите 24 часа почина уште едно лице, а во тој период идентификувани се уште 73 лица со вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во земјата во моментот има 457 активни случаи, додека вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата изнесува 11.896 лица.
Од вчера тестирани се 4.308 лица, од кои 73 се позитивни на коронавирусот.
Во претходните 24 часа, како последица на Ковид-19 почина уште едно лице, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 250. Процентот на смртност е 2,10 отсто.
На респиратори се наоѓаат 15 пациенти, а досега во земјата тестирани се вкупно 276.810 лица.