Husamedin Gina
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 3.152, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа регистрирани се три смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот биланс на починати од вирусот се зголеми на 156.
Според соопштението на Министерството, денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 7 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова, вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 1.653. Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.343.
Од Министерството информираа и дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања за Ковид-19, додека од почетокот на епидемијата се реализирани вкупно 37.027 тестирања за овој вирус.
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 30 мај, објави дека донел одлука за продолжување на вонредната состојба во траење од 14 дена. Вонредната состојба во земјата беше воведена на 18 март во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.