Muhammet Kurşun
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, вкупниот број на починати од вирусот Ковид-19 достигна 8.351, со зголемување од 70 во текот на последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 70 лица, а регистрирани се 2.043 новозаразени.
Истакнувајќи дека вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 8.351, Џиханпур рече дека бројот на заразени се искачил на 173.832.
Портпаролот соопшти дека 2.619 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, додека излекувани и отпуштени од болница се 136.360 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Тој исто така нагласи дека досега во земјата се направени вкупно 1.107.254 тестирања за Ковид-19.
Во Иран на почетокот од мај бројот на евидентирани случаи беше намален на под 800.
Откако беа укинати забраните за движење, бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 повторно почна да се зголемува.