Mustafa Deveci
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Портретот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во Соединетите Американски Држави (САД) како резултат на полициско насилство, беше нацртан на Ѕидот на раздвојување (Ѕидот на срамот) на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестински сликар го нацртал портретот на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец во Минеаполис, САД, на Ѕидот на раздвојување во делот што се наоѓа од страната на градот Витлеем.
Наведено е дека сликата е нацртана ноќе, а идентитетот на палестинскиот сликар е непознат. Жителите на градот покажале голем интерес за сликата на Флојд.
Говорејќи за дописникот на АА во врска со сликата, палестинскиот активист Мунхтер Амира рече дека по смртта на Флојд организирале низа настани како реакција и дека цртежот е дел од тие настани.
- „Порака за солидарност од палестинскиот народ кон угнетените во САД“ -
„Оваа слика е порака за солидарност од угнетуваниот палестински народ кон угнетените во САД“, истакна Амира, потсетувајќи на угнетувањата и прогонството на Израел кон палестинскиот народ.
Палестинските и странските уметници како реакција на израелската окупација цртаат разни цртежи на Ѕидот на раздвојување.