ПРИШТИНА (АА) – Пратениците на Собранието на Косово вечерва избраа нова Влада на чело со премиерот Рамуш Харадинај, со 61 глас за и со еден воздржан глас, а никој од пратениците не гласаше против, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците од Самоопределување, Демократскиот сојуз на Косово и Алтернатива не беа присутни во салата.
Откако положија заклетва, премиерот Харадинај посака среќа и успех на новата Влада. Харадинај по втор пат е избран за косовоски премиер. Прв пат беше избран во декември 2004 година, но само по три месеци поднесе оставка откако против него беше покренато обвинение од Хашкиот суд за воени злосторства. Тој во Хаг е ослободен од обвиненијата.
До гласањето за избор на новата влада се чекаше речиси четири часа, поради недоаѓањето на пратениците од Српска листа, кои доцнеа од Белград кадешто беа на консултации со претставниците на Владата на Србија. Без девет српски пратеници владејачката коалиција ПАН-АКР (Демократска партија на Косово, Алијанса за иднина на Косово, Иницијатива за Косово, Алијанса ново Косово) го немаше потребното парламентарно мнозинство од 61 глас.
Почетокот на вонредната седница на Собранието на Косово започна со 40 минути задоцнување и по само 20 минути беше дадена пауза за консултации. Движењето Самоопределување тоа го искористи веднаш по краткото експозе на мандатарот за премиер Рамуш Харадинај и претставувањето на новиот владин кабинет, бара за Владата на Косово да се гласа без расправа. Тој предлог го поддржаа и пратениците на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).
Пратеникот од коалицијата ПАН-АКР Шериф Билали од говорницата рече дека е потребно време да стасаат сите пратеници и бараше пауза, нагласувајќи дека никаде во правилникот, не стои дека мора да се гласа веднаш.
Весели потоа даде пауза од 15 минути за да се извршат консултациите со пратеничките групи. До продолжување на вонредната седница на Собранието дојде по два и пол часа пауза, наместо 15 минути колку даде претседателот на Собранието, кога стасаа пратениците на Српска листа.
Глаук Коњувча по паузара рече дека Самоопределување го повлекува своето барање веднаш да се гласа за Владата на Косово без расправа, бидејќи барањето ја исполни својата цел, практично да се покаже колку новата Влада на Косово зависи од Белград.
“Моето барање беше со намера да покажеме колку сега зависиме од Белград и во каква состојба ја доведовте земјата”, рече Коњуфча.
На обидот на Весели првобитното барање на Самоопределувње да го стави на гласање, Коњувча рече дека тоа би било кршење на правилникот, кое веќе е направено со давање на пауза без согласност на сите пратенички групи. ЛДК го поддржа повлекувањето на барањето за гласање без расправа. Пал Лекај во името на ПАН побара сепак да се гласа предлогот Владата да се бира без расправа. Тоа го поддржа групата “6 +”.
Од 112 пратеници во салата, за предлогот да се гласа за Владата без расправа гласаа 62, а 50 не. Пратениците на Самоопределување, Демократски сојуз на Косово и Алтернатива потоа ја напуштија салата.
Мандатарот Рамуш Харадинај во првиот дел на седницата Мандатарот Рамуш Харадинај во своето кратко излагање во првиот дел од седницата ги изнесе програмските цели на идната Влада, која, како што рече, доаѓа во момент кога Косово се соочува со тешка ситуација, со енормна корупција на сите нивоа, со тешка ситуација во здравството, образованието и со голема недоверба на граѓаните во институциите.
Тој наброја неколку програмски ориентации на идната Влада, изјавувајќи дека Владината програма ќе биде претставена на наредна седница кога се формираат собраниските комисии. За приоритети Владата ќе го има економскиот развој, привлекувањето странски инвестиции и отворање на нови работни места, наведе мандатарот. Рече дека е многу важна консолидацијата на редот и законот.
“Косово на планот на безбедноста ќе зајакне безбедно само како членка на НАТО. Ќе го направиме Косово да биде членка на НАТО почитувајќи го Уставот на Република Косово, важечките закони и партнерството со сојузниците. Меѓународната перспектива на Косово е отежната. Зачленување на Косово во меѓународните институции е наша обврска, во НАТО, ОН и ЕУ”, рече Харадинај.
Истакна дека Владата ќе работи на тоа во рекоден период да се исполнат критериумите од Договорот за стабилизација и асоцијација за да Косово што побрзо добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.
Исто така, порача дека ќе се води дијалог со сите во регионот па така и со Србија.
“Дијалогот со Србија нема алтернатива, иако имаме трагична историја. Не можеме да го смениме фактот дека сме соседи. На Косово му треба дијалог со народот а не само со политичките елити. Ќе отворан внатрешен дијалог за да дознаеме што чувствуваат граѓаните, народот во целина, во врска со овој дијалог, за да политичките претставниди не бидат оддалечени од народот”, рече Харадинај.
Мандатарот Рамуш Хараднија го претстави и составот на својот кабинет: прв заменик на премиерот Беџет Пацоли, заменици на премиерот Енвер Хоџај, Фатмир Лимај, Далибор Јевтиќ и Дардан Гаши. Бедри Хамза министер за финасии, Уран Исмаили министер за здравство, Бесим Бечај министер на новото Министерство на иновации и претприемништво, Дхурта Хоза министер за интеграции, Абелард Тахири министер за правда, Кујтим Гаши министер за култура, млади и спорт.
Министер за надворешни работи е Беџет Пацоли, министерот за внатрешни работи Фламур Сефа, министер за животна средина и просторно планирање Албена Решитај, министер за дијаспора и стратешки инвестиции Дардан Гаши, министер за безбедносни сили Рустем Речица, министер за образование, наука и технологија Шичири Битиќи, министер за трговија Бајрам Хасани, министер за заедници Далибор Јевтиќ, министер за администрација на локална самоуправа Иван Теодосијевиќ, министер за јавна администрација Махир Јагчилар, министер за земјоделство Ненад Рикало и министер за рурален развој Расим Демири.
- Превремените парламентарн избори се одржаа во јуни
Предвремените парламентарни избори во Косово се одржаа на 11 јуни, но владата не беше формирана до денеска.
Коалицијата ПАН беше победник на изборите со освоени 33,74 отсто од гласовите, а на второто место е Движењето „Самоопределување“, со освоени 27,49 отсто од гласовите. Трета е коалицијата составена од партиите Демократска лига за Косово (ЛДК), Новата косовска алијанса (АКР) и партијата Алтернатива, со освоени 25,53 отсто од гласовите.