Bojana Stojanovic
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) - Цврстата позиција на воената неутралност на Србија не е препрека за развој на соработката со НАТО, изјави денес српскиот претседател Александар Вучиќ, на што претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Паоло Али, додаде дека НАТО ја почитува позицијата на Србија, пренесува Anadolu Аgency (AA).
Како што е соопштено од Претседателството на Србија, Вучиќ на состанокот со Али во Белград истакнал дека воената неутралност на Србија не е препрека за соработка со НАТО, туку е во интерес на јакнење на регионалната стабилност.
Али нагласи дека НАТО ја почитува позицијата на Србија да биде воено неутрална и соработката ја дефинира според своите потреби. Тој ги поддржа напорите што Србија ги вложува за зачувување на стабилноста и јакнење на соработката во регионот на Западен Балкан.
Двајцата соговорници констатираа дека меѓу Србија и НАТО е интензивиран дијалогот на највисоко ниво.
Вучиќ и Али се согласија дека учеството на делегацијата од Собранието на Србија на годишните заседанија на Парламентарното собрание на НАТО, во својство на придружен член, придонесува за меѓусебно разбирање.