Mehmet Hatipoğlu
31 Јануари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
ЃУМУРЏИНА (АА) - Стотици земјоделци го блокираа граничниот премин Евзони меѓу Грција и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјоделците со трактори се собраа синоќа во грчкиот Идомени во близина на македонската граница, сакајќи на тој начин да укажат на тешките услови во земјоделскиот сектор во земјата.
Тие го изразуваат своето незадоволство од новите даноци во земјоделскиот сектор, како и поради измените во Законот за социјално осигурување донесени како дел од борбата на грчката влада со економската криза во земјата.
Протестите ги обезбедуваат голем број припадници на безбедносните сили, а земјоделците со трактори го блокираа граничниот премин. Дојде и до немири меѓу демонстрантите и полицијата. Повредени се двајца земјоделци, а уништени се неколку полициски автомобили.
Претседателот на Здружението на земјоделци и сточари од регионот, Пионија Томас Карипидис, изјави дека очекувале оти на протестите ќе им се приклучат и земјоделците од другите подрачја.
Земјоделците од 25 јануари организираат протести на различни места блокирајќи ги меѓуградските патни правци. Преговори со владата беа водени неколкупати, но без договор. Поради протестите на земјоделците, минатата година повеќе од 6.000 камиони со недели беа блокирани на царина.