Furkan Abdula
05 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
СКОПЈЕ
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја започна официјалната дводневна посета на јужниот сосед Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Пендаровски денеска пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.
Со овој пречек, започна дводневната официјална посета на претседателот Пендаровски на Грција.
„Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Сакеларопулу“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека претходно, Пендаровски положил венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Грција.