Agim Sulaj
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
ЈАРИЊЕ
На граничниот премин во Јариње, како и на другите гранични премини во Косово со Србија започна спроведувањето на режимот на налепници (покривање на државните симболи на регистарските табли) за време на влезот и движењето во другата држава, со што се укинува употребата на пробните таблици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Јариње каде до саботата се наоѓаа барикади поставена од локалното српско население во знак на протест поради реципроцитет што Владата на Косово го воспостави за возилата со српски регистерски таблици, ситуацијата е мирна и таму се наоѓаат припадници на КФОР.
На овој граничен премин, чекањето од српската страна за влез во Косово трае околу два часа, додека само неколку минути им се потребни на возилата кои од Косово патуваат кон Србија.
Граничниот премин во Јариње го посети и косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој изјави дека без проблем се спроведува договорот што Косово и Србија го постигнаа во Брисел со посредство на ЕУ на 30 септември.
Тој ја посети и станицата на граничната полиција во Јариње која се наоѓа околу 500 метри од граничниот премин. Притоа министерот Свечла истакна дека во наредните денови ќе се направат инвестиции во овој центар кој не е во добра состојба.
Во исто време, Косовската полиција соопшти дека ги направиле сите подготовки за спроведување на договорот постигнат во Брисел.
Инаку, граѓаните на Косово во последните 10 години плаќаа пробни таблици со напис „РКС“ и ги поставуваа на своите возила за да се движат на територијата на Србија. На 20 септември, Владата на Косово започна со спроведување со реципрочна мерка за возилата од Србија, што предизвика реакции кај српската заедница.