Eren Beksaç
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово околу 200 земјоделци кои заедно со своите трактори дојдоа во Приштина од различни општини во земјата, протестираа против владината програма за субвенции за пченица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Двесте земјоделци се собраа пред зградата на Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, кои со своите трактори ја блокираа улицата пред Министерството во времетраење од еден час.
Тахир Тахири, претседател на Федерацијата на синдикатите на земјоделци, во своето обраќање на протестот истакна дека земјоделците се соочуваат со тешкотии поради зголемените критериуми побарани за време на аплицирањето за субвенции и донации.
Тој нагласи дека производителите на пченица имаат потешкотии да ги исполнат условите кои се донесени од страна на новиот министер во новата Влада.
„Ако министерот нѐ прими, ќе седнеме и ќе ги разгледаме критериумите. Но, ако не нѐ прими, повторно ќе одржиме протести. Следните протести ќе бидат поостри и порадикални“, рече Тахири.
Производителите на пченица бараат олеснување на условите за аплицирање за донации и субвенции во оваа насока.
Протестот заврши без проблеми, а земјоделците по протестот со своите трактори минаа низ главните улици на Приштина.