Ekipa
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 526 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 188.635, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19, пријавени се уште 14 лица со датум на смрт во периодот од 02 до 17 септември 2021 година. Според тоа, билансот на смртни случаи од почетокот на епидемијата достигна 6.539.
Институтот за јавно здравје регистрира 830 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 169.946.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 12.150.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.632 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирања.