свет

Атина вознемирена од присуството на американскиот архиепископ на отворањето на центарот „Туркеви“

„Дејствата на Елпидофорос нѐ вознемирија. Грчката Влада го изразува своето незадоволство.“

Derya Gülnaz Özcan, Tevfik Durul  | 23.09.2021 - Обновена : 24.09.2021
Атина вознемирена од присуството на американскиот архиепископ на отворањето на центарот „Туркеви“ Фото: Mustafa Kamacı/AA

АТИНА (АА) - Присуството на архиепископот на Православна црква на Америка, Елпидофорос, на церемонијата на отворање на центарот „Туркеви“ (Турска куќа) во Њујорк и неговото присуство на иста фотографија со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, предизвика непријатност и во Атина и во грчката и кипарската јавност, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лидерот на администрацијата на кипарските Грци, Никос Анастасиадис, кој требаше да се сретне со Елпидофорос за време на неговата посета на Њујорк по повод состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), го откажа состанокот, наведувајќи дека има обемна програма.

- Реакција до архиепископот од дијаспората на Јужен Кипар -

Според веста на весникот „Катимерини“, Атина го советувала Елпидофорос да не присуствува на свеченото отворање на центарот „Туркеви“ и да не му дава легитимитет на Ерсин Татар.

Учеството на архиепископот на церемонијата, и покрај овие сугестии, предизвика реакција кај грчката заедница во САД.

Според веста на грчкиот весник „Прото тема“, барањето на Елпидофорос од грчката заедница во САД да се обрати до Мицотакис на состанокот што ќе се одржи во четврток вечер во чест на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и да присуствува на настанот што ќе се организира од страна на кипарската Грчка заедница која живее во САД, во петокот не беше прифатена.

- Елпидофорос му честиташе на Ердоган -

Елпидофорос во објава на својот профил на социјалните мрежи истакна дека му честитал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за отворањето на центарот „Туркеви“.

„Како и секогаш, инсистирам на важноста на Вселенската патријаршија, повторно отворање на теолошкото училиште во Хебелијада и промовирање на правата на верските малцинства во Турција“, рече Елпидофорос.

- Атина исто така вознемирена -

Според вестите на весникот „Катимерини“, премиерот Мицотакис, и покрај реакциите, ќе се сретне со архиепископот Елпидофорос во Њујорк.

Во веста на „Катимерини“, базирана на владини извори, стои дека и покрај тоа што Атина е вознемирена од учеството на Елпидофорос на отворањето на центарот „Туркеви“, состанокот не е откажан бидејќи откажувањето на однапред закажаната средба на Мицотакис со Елпидофорос ќе го влоши проблемот.

Владиниот портпарол Јанис Икономи во денешната изјава рече: „Дејствата на Елпидофорос нѐ вознемирија. Грчката Влада го изразува своето незадоволство.“

На прашањето дали Мицотакис ќе се сретне со Елпидофорос, Икономи нагласи: „Програмата на премиерот е во фаза на формирање и ќе се даде изјава на оваа тема“.

- Грците од Истанбул со порака за поддршка на Елпидофорос -

Со писмена изјава Вселенската патријаршија на Истанбул го поддржа Елпидофорос.

„Елпидофорос е еден од првите свештеници кои бестрашно секаде ги бранеше правата на хеленизмот, православието и Вселенската патријаршија, особено пред турските власти“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.