Ekip
22 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Со молитви во џамиите и со читање на светата книга Куран, верниците од исламска вероисповед вечерва ја одбележаа Ноќта на Кадр (Лејлетул Кадр), јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод, верниците ги исполнија скопските џамии каде ги извршија верските обреди. Голем број верници вечерва присуствуаа во Мустафа пашината џамија во Скопје, каде присуствуваа на терави намаз, а по намазот се читаше Куран, се интерпретираа илахии и имаше предавање од имамот за важноста на ноќта Лејлетул Кадр за муслиманите.
Поради тоа што вечерва џамиите беа преполни, имаше верници кои верските обреди ги извршуваа во дворот на џамиите.
Исто така, слична атмосфера вечерва беше забележана и во другите џамии низ земјата.
Муслиманите во Косово по повод Ноќта на Кадр вечерва ги наполнија џамиите во Косово. Џамијата Фатих Султан Мехмет во Приштина беше повеќе полна со верници во однос на другите денови.
Стотици муслимани присуствуваа во џамиите за молитва. По повод оваа ноќ се читаше Куранот, и се извршуваа молитви.
Верниците муслимани присуствуваа на молитва во џамиите во Тирана, главниот град на Албанија. Етхем Беговата џамија во Тирана беше преполна со верници, каде беа извршени молитви, а како и во другите земји во регионот, така и во Албанија, во џамиите можеше да се слушне читање на Куранот, предавање од имамот, како и интерпретирање на илагии.
Освен во главнииот град Тирана, ноќта на Кадр се одбележа и во другите градови ширум Албанија.
Лејлетул Кадр за муслиманите претставува најважната ноќ во годината. Во оваа ноќ започнала објавата на Куранот, светата книга за муслиманите. Тоа е ноќта за која муслиманите веруваат дека се одредува судбината. Во Куранот, за ноќта Лејлетул Кадр се вели дека е „ноќ повредна од 1.000 месеци" .