Zülfiya Yakup
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
ПРИШТИНА (AA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи распиша редовни локални избори за 22 октомври 2017. година, по денеска извршените консултации со политичките субјекти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Косовскиот претседател даде упатства до Централната изборна комисија да ги презеде сите неопходни постапки за организирање и одржување на локалните избори во согласност со законодавството, соопштено од кабинетот на претседалот на Косово.