Fatjon Cuka
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ТИРАНА (АА) - Вооружените сили на Албанија од населена зона во албанскиот град Лежа отстранија 74 проектили, кои според прелиминарните проценти датираат од Втората светска војна, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вооружените сили спречија трагедија во Манати кој се наоѓа во Лежа. Нашите пионери од населена зона отстранија 74 проектили со калибар 150 мм, секој со тежина од 50 килограми, кои според прелиминарните проценти датираат од Втората светска војна“, напиша на социјалните мрежи Олта Џачка, министерка за одбрана на Албанија.
Проектилите се пренесени на посебен полигон каде што ќе бидат уништени.
„Од почетокот на годината, Вооружените сили извршија 75 операции на целата територија, елиминирајќи опасна муниција од околу 16 тони“, нагласи Џачка.
Во последните години во Албанија беа пронајдени и уништени десетици проектили кои датираат од Втората светска војна.