Fatjon Cuka
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ТИРАНА (АА) - Воената вежба „Albanian Effort 19“ која ќе трае неколку дена, започна денес во Албанија со учество на трупите на земјите сојузници и партнери на Албанија, меѓу кои и Северна Македонија , пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Албанија, трупите и возилата на вооружените сили на оваа вежба се од Албанија, Турција, Северна Македонија, Косово, САД, Обединетото Кралство, Германија, Италија, Хрватска, Црна Гора, Полска и Бугарија.
„Албанија е домаќин на воената вежба 'Albanian Effort 19' со учество на голем број земји сојузници и партнери, како никогаш досега“, се вели во соопштението.
Вежбата ќе трае една недела и ќе се спроведува во местото Бизе, Тирана. Се истакнува дека целта на оваа вежба е тестирање на вештините за интервенција во кризни ситуации, и за подобрување на интеракцијата меѓу сојузниците и партнерите во заеднички операции.