Балкан

Прием по повод Денот на независноста на Северна Македонија

Во своето обраќање Џафери рече дека од независноста, земјата е сведок на многу „убави, но и не толку убави“ настани, додавајќи дека денес Северна Македонија е држава на рамноправни граѓани и држава во која се почитуваат човековите права

Abdula Berisha  | 06.09.2019 - Обновена : 08.09.2019
Прием по повод Денот на независноста на Северна Македонија (Foto: Abdula Berisha/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, организираше свечен прием по повод 8 Септември - Денот на независноста на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Покрај претседателот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, на поканата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, се одзваа и голем број министри, сегашни и поранешни пратеници, амбасадори, претставници од судската власт, академици и претставници на верските заедници од Северна Македонија.

Во своето обраќање Џафери рече дека од независноста, земјата е сведок на многу „убави, но и не толку убави“ настани, додавајќи дека денес Северна Македонија е држава на рамноправни граѓани и држава во која се почитуваат човековите права.

Џафери, исто така рече дека постои волја и решеност да се исполнат стратешките цели на земјата, полноправно членство во НАТО и Европската Унија (ЕУ).

„Во однос на НАТО, знаете дека динамиката на ратификација на Протоколот се развива со досега невидена брзина. Од 29-те земји членки на НАТО, 21 веќе го ратификувале Протоколот, а во четири сѐ е во процедура, што ни дава за право да веруваме дека процесот ќе биде заокружен до Самитот на НАТО во Лондон во декември оваа година“, рече Џафери.

Тој исто така рече дека членството во ЕУ и НАТО подразбира владеење на правото и на правниот поредок во државата, без дискриминација, како и почитување на правата и слободите на граѓаните, без оглед на разликите.

Потсетуваме дека на 8 септември 1991 година земјата организираше референдум за независност од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, на кој над 95 проценти од граѓаните кои гласаа се изјаснија за независна и суверена држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.