Admir Fazlagic
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со новиот генерален секретар на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Томас Гремингер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија, Џафери изразил задоволство од остварувањето на средбата и надеж дека и во иднина ќе продолжи плодната соработка со ОБСЕ. Џафери изразил задоволство од консензуалното усвојување на одлуката за пополнување на четирите највисоки позиции во Организацијата на вонредниот Министерски совет, одржан во јули оваа година.
„Претседателот Џафери истакна дека Република Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ во демократскиот развој на земјата и воедно изрази благодарност за постојаната поддршка што Мисијата ѝ ја дава на Република Македонија, како една од најстарите активни мисии по осамостојувањето", се вели во соопштението.
Меѓу другото, се соопштува дека Џафери подвлекол дека Собранието на Република Македонија активно учествува во работата на Парламентарното собрание на ОБСЕ и во октомври минатата година Собранието беше домаќин и коорганизатор на Петнаесеттата есенска сесија на ПС на ОБСЕ.