Vesna Besiç
17 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
САРАЕВО (AA) - Со состанок со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Денис Звиздиќ, премиерот на Република Македонија Зоран Заев ја започна посетата на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот, предвидени се и изјави за медиумите.
Кон средината на октомври во Скопје, премиерот на Македонија се состана со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а двајцата лидери разговараа за регионалната соработка, поттикнување на странските инвестиции, патното поврзување, како и за воспоставување авиолинија помеѓу Скопје и Сараево.
Заев тогаш повтори дека Македонија и БиХ се пријателски земји кои имаат одлична соработка, без отворени прашања. Тој истакна дека двете земји соработуваат за да овозможат промовирање на соработката во сите области.