Ekip
17 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
САРАЕВО (АА) - Премиерот на Република Македонија Зоран Заев којшто престојува во посета на Босна и Херцеговина изјави дека ЕУ од земјите од регионот очекува максимално унапредување на регионалната соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
Со состанок со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ), Денис Звиздиќ во Сараево, премиерот на Република Македонија Зоран Заев ја започна посетата на БиХ.
Кон средината на октомври во Скопје, премиерот на Македонија се состана со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, а двајцата лидери разговараа за регионалната соработка, поттикнување на странските инвестиции, патното поврзување, како и за воспоставување авиолинија помеѓу Скопје и Сараево.
Заев тогаш повтори дека Македонија и БиХ се пријателски земји кои имаат одлична соработка, без отворени прашања. Тој истакна дека двете земји соработуваат за да овозможат промовирање на соработката во сите области.