Балкан

„Бугарија не го поддржува воведувањето санкции против Турција“

Бугарската заменик-премиерка и министерка за надворешни работи, Захариева, истакна дека Турција е сосед на Бугарија, сојузник и економски партнер

İhvan Radoykov  | 17.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
„Бугарија не го поддржува воведувањето санкции против Турција“

СОФИЈА (АА) - Бугарската заменик-премиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, истакна дека нејзината земја не го поддржува воведувањето санкции против Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Захариева во изјавата за Националната телевизија на Бугарија истакна дека Турција е сосед на Бугарија, сојузник и економски партнер.

Истакнувајќи дека Турција го исполнува целосно договорот за миграција постигнат со Бугарија, Захариева рече дека Европската Унија треба да има разбирање за загриженоста на Турција.

Министерката Захариева на прашањето во врска со спроведувањето на санкциите против Турција нагласи: „Бугарија не го поддржува спроведувањето на санкциите (против Турција) и мислиме дека тоа нема да придонесе за нашиот дијалог кој сакаме да го продолжиме со Турција.“

Посочувајќи дека Турција е добар економски партнер на Бугарија, Захариева потсети дека обемот на трговската размена меѓу двете земји е поголем од 4,2 милијарди американски долари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.